Државниот завод за статистика информираше дека напредуваат активностите за надминување на помалите технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување.
Пописните активности на терен течат, не се прекинати, а се спроведуваат со намален интензитет со цел техничкото усогласување да се заврши во најкраток можен рок и час поскоро процесот да продолжи со висок интензитет како и до сега, велат од Државен завод за статистика
Бавното одвивање на активностие, според Државниот завод за статистика се должи на технички интервенции во софтверот кои го диктирале темпото на попишување. Како што се наведува во соопштението тимот за техничка поддршка работи забрано за надминување на проблемот.
Во исто време, би сакале да ја информираме јавноста дека во последниве денови, веб-страниците на Државниот завод за статистика се под постојани напади и затоа во одредени периоди не се достапни поради заштитите што се користат за спречување на овие напади. Страниците се со највисоко ниво на безбедност, а податоците се заштитени на повеќе нивоа по највисоките ИТ стандарди, велат од Државен завод за статистика
Апелираме до јавноста да има разбирање за овие технички проблеми кои се вообичаени кога станува збор за масовни операции со користење на напредни технологии и повторуваме дека процесот на попишување е во рамки на планираното и очекуваното и тој ќе биде целосно, успешно и крајно професионално завршен до 30 септември.
OhridNews