Преку дружење кон подобар заеднички соживот во Струга“ е темата на еднодневната работилница што ќе се одржи денеска во хотелот „Аполониа“ во Струга.

Целта е да се идентификуваат  приоритетите и чекорите за долгорочно надминување на  етничките тензии кај средношколците од различни етнички групи, преку нивното учество на работилницата.

Средбата на младите од различни етнички заедници е дел од проектот „Живеење во мултиетничка средина-граѓани со еднакви права, можности и заштита“ кој е финансиран од Европската комисија и  Фондацијата Институт Отоврено општество-Македонија.

Преку проектот треба да се обезбеди подобра комуникација и да се поттикне соработката помеѓу невладините организации, експертите и институциите коишто работат на полето на заштитата на малцинските права.

А.Ристоска