Проблемот со кучињата скитници во Охрид и натаму е актуелен. Нив ги има во голем број коментираат граѓаните, кои стравуваат за својата безбедност. Најчесто кучињата скитници одат во чопор, а во потрага по храна тие се почесто се приближуваат до живелиштата на луѓето. Средбите со кучињата скитници се непријатни, а неретко нив ги има и на најпрометните улици, каде се движат децата кои одат на училиште. И покрај бројни најави во Охрид се уште не функционира шинтерска служба, а слична е состојбата и во соседна Струга. 



OhridNews