Деновиве се заменуваат старите светилки со нови, а се спроведуваат и нови линии за јавно осветлување во реоните каде што досега ги немало.
Ваквиот зафат на Локалната самоуправа е дел од годишната програма за осветлување.Оттаму велат дека активностите на ова поле продолжуваат и натаму.
Што се однесува пак до осветлувањето на регионалните и магистралните патишта кое е под државна капа, се очекува за скоро време целосно да биде осветлен потегот од охридскиот аеродром до влезот на Охрид, како и трасата од хотелот „Застава“ до комплексот „Метропол – Белви“.