Агенцијата за електронски комуникации најавува измени во Правилникот за квалитет на мрежи со кои се очекува подобрување на квалитетот и намалување на бројот на поплаки од граѓаните, објавија националните медиуми.

Во Правилникот меѓу другото ќе се бара од мобилните оператори да овозможат мрежно покривање со мобилен интернет на сите регионални и магистрални патни правци низ државата.

-Воошто не сме задоволни од квалитетот на мрежите на сите три мобилни оператори. Имаме Правилник за квалитет на мрежи кој од вчера е во фаза на менување. Нашето барање ќе биде секаде да има минимум два мегабити во секунда мобилен интернет. Тоа што сега го имаат нашите корисници како искуство е дека може да ги користат услугите од мобилен интерент само во градовите, но не и надвор од градовите. Со новиот правилник ќе наметнеме сите главни патишта да имаат мобилен интернет минимум трета генерација на мобилен интернет, појасни директорот на АЕК, Роберт Ордановски.

Тој додаде дека постојано имаат поплаки од граѓаните за квалитетот на мрежата што ја нудат мобилните оператори.

OhridNews