Американката Линда Волф (68) ја има титулата од Гинисовата книга на рекорди како жена која се мажела најмногу пати. Линда е родена во 1940 година во Индијана. Со 16 години за прв пат се омажила за 31 годишниот Џорџ Скот. Биле заедно 7 години, кој и бил најдолгиот брак. Меѓутоа признала дека нејзиниот последен брак и бил само заради публицитет. Сама е веќе 12 години.


„Во младоста сите момчиња од соседството беа заљубени во мене. Сите сакаа да се оженат со мене“ – рекла некогаш убавата девојка.

Линда вели дека браковите се раскинувале од многу причини. Дури двајца сопрузи биле хомосексуалци, двајца биле бездомници, а неколку биле неверни, а само еден бил насилен.

„Осамена сум, би се омажила повторно“ – додала таа.