Џејмс Милер од Охајо за ноќта на вештерките се маскирал во тест за алкохол. Полицијата го запрела со количество на алкохол во крвта двојно поголемо од дозволеното. Возел по едносмерна улица во погрешен правец.


Иако кога го запреле во устата ставил цело пакетче гуми за џвакање, покрај себе имал лименка пиво, а во багажот неколку шишиња алкохол тврдел дека не се напил ништо. Казнет е за малолетничко пијанство, возење во пијана состојба и кршење на сообраќајните правила.