Американецот Тита Намби од Френклин дошол на шалтер на една банка и ја предал мајчината возачка дозвола и фалсификувано барање за подигнување пари. Бил облечен во женска облека и зборувал со пискотлив глас.
На вработените им бил сомнителен па тие повикале полиција. Го уапсиле во банката и го однеле во затвор. Полицајците рекле дека носел розе блуза, црн капут и марама на главата. Го чекаат обвиненија за фалсификување и обид за измама.