Грег Лиаксос се маскирал во дрво во намера да го ограби музејот на минерали и камења во Орегон, САД. Наводно со денови посматрал околу зградата и правел дупка во ѕидот низ која планирал да влезе во музејот.
Го открил чуварот на музејот. Забележал необична прашина. Следејќи го нејзиниот траг наишол на голема дупка во зградата. Ја известил полицијата. Полициските кучиња го пронашле Грег кој маскиран седел во близина на едно дрво. Од музејот не успеал да украде ништо.