Пожарот што избувна до селото Врбјани зафати површина од околу 100 хектари трева, нискостеблеста шума но и високостеблести дрва, и се прошири кон планинскиот превој Пресека, денес е ставен под контрола. Пожарникари и вработените во шумското стопанство Галичица настојуваат со заобиклоување да го локализираат и изгаснат пожарот.
Се гасне и пожарот во месноста Летница – Петрино на падините на Галичица каде исто така се ангажирани против пожарни екипи и вработените во националниот парк Галичица. Пожарот тлееше неколку денови, но вчера повторно се разгоре.
Пожарот кој неколку дена е активен во ресенскиот дел на Галичица е сеуште интензивен а гаснењето го отежнува ветрот и непристапниот терен. Поради тоа во гаснењето на пожарот е ангажиран и еден хелихоптер.
Според денешните сознанија, не постои опсаност пожарот да се префрли на охридската страна од Галичица.