Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 341 возач.

Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 158 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 183 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, апелира МВР.

OhridNews