Со неефикасноста и нефункционирањето на механизмите на државата, се почесто се кршат правата на децата во Македонија. Ова е заклучокот на алтернативниот извештај, кој го изготвија 23 невладини организации и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Во извештајот се наведува дека правата на децата во Македонија се загрозени и не се почитуваат, во повеќе сегменти од општеството, но најзастапени се  во Заштитата на децата и спречувањето на нивното злоставување, Насилството врз децата и меѓу децата, Недоволната посветеност на државата за децата во институциите, на нивните потреби и проблеми, Дискриминацијата на децата роми во секој поглед, особено во образовниот систем

Меѓу препораките на Коалицијата на невладини организации  за надминување на оваа состојба се центрите за социјална работа да работат 24 часа, дефектолог да има во секое училиште, децата да не плаќаат здравствена партиципација и да се вклучат во задолжителното основно образование.  

Ohridnews