Eкипите на “Паркови и зеленило”, oд ЈП “Охридски Комуналец”, деновиве започнаа со кроење на дрворедите покрај главните сообраќајници во градот. Најпрво се уредуваа крошните на дрвјата од улицата “Јане Сандански”, а понатака ќе бидат опфатени и другите улици.

Од “Паркови и зеленило” велат дека ова е вообичаена акција пред започнувањето на пролетта и е дел од годишната програма за уредување на зеленилото низ градот.

Ohridnews