25. јубилеен Охридски Атлетски маратон што традиоционално се оджрува на 8 Септември на денот на македонската независнот, ќе биде откажан доколку во наредните денови не стигнат средствата од локалната самоуправа на сметката на Охридскиот Атлетски клуб, АК Охрид кој е организатор на маратонот.
Охридскиот атлетски маратон од минатата година е дел од програмата на локалната самоуправа за Прослава на Државниот празник 8 Септември, а средства за неговата организација се предвидени во буџетот на општина Охрид.
– Оваа јубилејна година која за наш малер е и најкризна дојдовме до ситуација да размислуваме за откажување на Маратонот заради немање доволно финасии. Целата финасиска конструкција на оваа манифестација е сведена на 10 илјади евра, од кој досега се обезбедни околу 7000 евра. Баравме некој од локалната да се вклучи во Организациониот Одбор, но до ден денес немаме никаков одговор. Ние бараме Општината да го покрие наградниот фонд кој изнесува околу 4000 евра. – истакна Пецо Неданов престседателот на АК Охрид.
Еветуалното окажувањето на маратонот може да повлече поголем број последици како за организаторот Охридскиот Атлетски клуб, така и за Атлерската федерација на Македонија.
– Охридскиот атлетски маратон трета година по ред пат е влезен во светскиот календар. Доколку ние не го одржиме овај маратон, последиците ке бидат огромни за нас. Ќе следуваат и други пенали од страна на ЕАА бидејќи сме го сменале календарот – вели Влатко Димитров директорот на трката.
Градоначалникот Петрески најави средба со Организациониот Одбор на маратонот на која дополнително ќе се разговара околу барањата за финсиската подршка, тој не ја исклучи можноста да ја помогне организацијата.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com