Еден имигрант успеал да дојде од Грција до Бугарија каде бил пронајден од механичарот додека го поправал автобусот во кој имигрантот минал една седмица. После тоа бил уапсен и задржан во полиција. Имигрантот од Мароко кој бегал кон западноевропските земји живеел во автобусот една седмица, а никој не го забележал. Од Грција успеал да дојде во Бугарија, каде конечно бил откриен.

Механичарот повикал полиција во Софија како би ги известил дека пронашол тело на момче помеѓу седиштата на задниот дел од автобусот. Откриле дека момчето е живо а истрагата покажала дека имало 21 година. На полицајците им раскажал дека во Софија пристигнал од Атина со автобусот и дека во него се криел една седмица. Никому не му било јасно како не го забележале момчето, бидејќи автобусот бил на неколку патувања во изминатата седмица. Момчето било задржано во полиција додека не одлучат кога ќе го депортираат во Мароко.