Бени Винт поминал 20 години во бегство верувајќи дека го гони полицијата поради шверц на дрога. Тој ја организирал сопствената смрт глумејќи давење на една плажа во Флорида во септември 1989 година.

Зад себе ги оставил вереницата и 4 годишната ќерка и започнал нов живот под името Вилијам Свит. Набрзо се оженил добил син кој сега има 17 години, но никогаш не им го открил вистинскиот идентитет.


Свит неодамна бил приведен поради оштетени регистарски таблички на автомобилот. Откако го дал лажниот идентитет, многу брзо морал да го признае својот стар идентитет бидејќи полицијата направила проверка.

Така, на свое големо изненадување, дознал дека никогаш против него не било подигнато никакво обвинување.

Бил обвинет само за возење без соодветна документација и лажно претставување, поради што ќе мора да одговара пред суд.