Вечерва од 20 часот ќе се чисти снегот од улиците  во централното градско подрачје.

Екипите на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ со расположливата механизација ќе го отстрануваат снегот од улиците „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански“, „Питу Гули“, „Седми Ноември“ и „Македонски Просветители“.

Од претпријатието велат дека оваа акција е планирана во вечерните часови, зашто се  смета дека тогаш е намален интензитетот на сообраќајот.Оттаму велат дека е неопходно да се исчисти снегот зашто возилата нема каде да се паркираат.

Комуналец апелира до граѓаните да ги отстранат паркираните возила од наведените улици и потсетува дека акцијата ќе продолжи и на останатите локални улици.

Ohridnews