Младинскиот Совет Охрид во рамките на проектот за подготовка на ЛОКАЛЕН АКЦИОНЕН МЛАДИНСКИ ПЛАН-ЛАМП, деновиве организираше јавна расправа по работната верзија на документот. На јавната расправа учествуваа повеке од 50 претставници на Локалналната самоуправа, јавни институции, државни органи, здруженија на граѓани, како и претставници на охридските пратеници.
ЛАМП-от привлече големо внимание кај присутните, кои во своите излагања ја потенцираа важноста од донесувањето на овој значаен документ, како и од потребата од негово имплементирање.
Забелешките од јавната расправа Ќе бидат вметнати во ЛАМП по што документот ќе се најде пред охридските советници, кои треба да се произнесат по истиот.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com