На иницијатива на претседателот на трикратниот македонски првак Работнички, Драган Поповски ќе се возобновува здружението на прволигашите. Попоски вели дека направени се првите контакти и првата средба на која очекува да се соберат претседателите на сите 12 прволигаша ќе ја имаат во Скопје зад затворени врати.
– Најважно е тоа што сите ја прифатија иницијативата да седнеме на заедничка маса. Нашиот предлог е едногласно прифатен, без никакви опструкции. Најважно е тоа што конечно сите сме свесни колку може да биде моќна и влијателна една ваква организација – вели за дневниот весник “Дневник“, првиот човек на Работнички.-
Македонија е една од ретките земји во Европа која нема здруженија ниту на прволигашите ниту, пак, на фудбалерите. ФФМ во моментов со посредство на ФИФА и УЕФА треба да го усогласи Статутот според забелешките што доаѓаат од Агенцијата за млади и спорт. Ваквите измени треба да го намалат и бројот на делегатите во Собранието на ФФМ.
Ohridnew
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com