Ракометната Супер лига од следната сезона ќе брои 12 екипи, вклучувајќи ги екипите кои ќе се натпреваруваат во регионална СЕХА, а екипите во зависност од пласманот ќе пренесуваат одреден број на бодови, ваква одлука донесе Управниот одбор на Ракометна федерација на Македонија (РФМ).

Од сезона 2021/2022 Машката Супер лига да брои 12 ракометни екипи односно екипите со остварен пласман 1-во до 10-то место од сезона 2020/2021 и победникот од бараж натпреварот помеѓу 11-то пласираниот во Супер Лига и 2-ро пласираниот од Прва Лига од сезона 2020/2021 и победникот од Прва Лига од сезона 2020/2021, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем,

• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин 2 х 11 кола) вкупно 22 кола.
• По завршување на 22-ро коло ќе се игра play-off и play-out, односно екипите пласирани/рангирани од 1-во до 6-то место ќе ја формираат групата play-off од 6 екипи, екипите со остварен пласман 7-мо до 12-то место ќе ја формираат групата play- out.

• Во play-off екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола , по принципот:

1-от пренесува 5 бода
2-от пренесува 4 бода
3-от пренесува 3 бода
4-от пренесува 2 бода
5-от пренесува 1 бод
6-от пренесува 0 бодови

• Во play-out групата, формирана од екипите од 7-мо до 12-то место, разигруваат по еднокружен бод систем ( домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола за опстанок во Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола по принципот :
7-от пренесува 5 бодови
8-от пренесува 4 бода
9-от пренесува 3 бод
10-от пренесува 2 бодови
11-от пренесува 1 бод
12-от пренесува 0 бодови
По добивање на конечниот пласман во play-out 1-от и 2-от остануваат во Супер Лига, 3-от игра бараж со 2-от од Прва Лига за опстанок во највисок степен на натпреварување, 4-от, 5-от и 6-от преминуваат во Прва Лига, а првиот од Прва Лига влегува директно во Супер Лига.

Трендот на намалување на бројот на екипите во Супер лигата ќе продолжи и во натпреварувачката сезона 2022/2023, кога вкупниот број ќе биде 10 екипи.

Од сезона 2022/2023 Машката Супер лига да брои 10 ракометни екипи односно екипите со остварен пласман 1-во до 8-мо место од сезона 2020/2021 и победникот од бараж натпреварот помеѓу 9-то пласираниот во Супер Лига и 2-ро пласираниот од Прва Лига од сезона 2021/2022 и победникот од Прва лига од сезона 2021/2022, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем.

• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин 2 х 9 кола) вкупно 18 кола.
• По завршување на 18-тото коло ќе се игра play-off и play-out, односно екипите пласирани/рангирани од 1-во до 6-то место ќе ја формираат групата play-off од 6 екипи, екипите со остварен пласман 7-мо до 10-то место ќе ја формираат групата play-out.

• Во play-off екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 18 кола , по принципот:
1-от пренесува 5 бода
2-от пренесува 4 бода
3-от пренесува 3 бода
4-от пренесува 2 бода
5-от пренесува 1 бод
6-от пренесува 0 бодови

• Во play-out групата, формирана од екипите од 7-мо до 10-то место, разигруваат по еднокружен бод систем ( домаќин – гостин 2 х 3 кола) вкупно 6 кола за опстанок во Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 18 кола по принципот :

7-от пренесува 3 бодови
8-от пренесува 2 бода
9-от пренесува 1 бод
10-от пренесува 0 бодови

По добивање на конечниот пласман во play-out 1-от и 2-от остануваат во Супер Лига, 3-от од Супер лига play-out игра бараж со 2-от од Прва Лига за опстанок во највисок степен на натпреварување, 4-от Супер лига plаy-out преминува во Прва Лига, а првиот од Прва Лига влегува директно во Супер Лига.

Годинава системот на натпреварување во плејофот останува ист, а во плејаутот двете првопласирани екипи ќе обезбедат директен опстанок додека третопласираната екипа ќе игра бараж. Трите последнопласирани испаѓаат од Супер лигата.

OhridNews