Непознати сторители деновиве извршиле кражба на металните вратички од инсталациите на канделабрите на градскиот кеј. Уништени се повеќе канделабри, а незаштитените инсталации кои се под напон сега преставуваат сериозна опасност, особено за децата.
крадците не бираат ни место ни време
Локалната самоуправа најостро го осудува овој вандалски чин. Според градските власти најверојатно металните делови од канделабрите се крадат за старо железо, слично како што се прави и со шахтите. Оттаму велат дека проблем сега претставува тоа што не можат да се заменат украдените делови од канделабрите бидејќи не можат да се набават, па затоа се посегнува кон алтернативни решенија.
алтернативно решение за украдените делови од канделабрите
Пред неколку месеци за кусо време од охридските улици исчезнаа 40-на метални шахти, а од неодамна на удар се канделабрите. Украдените метални денови се претпоставува дека се продаваат на илегалните отпади за старо железо.
Г. Момироски
фото: Васко Бујароски