Американецот Карлос Гутирез од Флорида, полицијата го уапсила бидејќи два пати неосновано викал полиција. Тврдел дека автоматот во казиното му ги краде парите. Го привеле и за сега не му е одредена кауција.
Полицијата во Флорида има многу проблеми со лажни повици. Пред неколку дена неименуван маж пет пати се јавил во полиција за време на расправија со братот. Барал од полицијата да му ги решат фамилијарните проблеми. Двајцата му се придружиле на мажот кој е приведен бидејќи се јавувал во полиција откако во сендвичот не му ставиле кечап.