– Минататата година од овој рид се одрона голема карпа која предизвика прекин во сообраќајот на магистралата, а поради опасносност од нови одрони состојбата треба целосно да се санира, ни изјавија екипите на Македонија пат кои ги затекнавме на терен.
Според планот целиот рид ќе биде ископан со што ќе се спречи натамошната активност на свлечиштето. На тој начин ќе се отстрани опасноста од одрони кои можат да ја загрозат безбедноста на сообраќајот на фреквентниот пат, велат од Македонија пат.
Градежните зафати ќе траат десет до петнаесет дена, а во тој период на делницата пред селото Ботун сообраќајот ќе се одвива со прекини по алтернативен пат. Поради работите на и околу патот на возачите им се препорачува крајно внимателно возење на овој дел од магистралата.
екипите на Македонија пат на терен
сообраќајот кај Ботун се одвива по спореден пат
Градежните работи ќе траат 10-15 дена