Со изборот на членови на Надзорниот и Управниот Одбор денеска, ќе бидат  оформени раководните структури на новото јавно претпријатие за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг-простори.

На 53-та седница Советот треба да даде зелено светло и за Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката на МЈП „Проаква“ како содружник да учествува во основање на ДОО за реализација на Проектот за изградба и стопанисување на четири мали хидроелектрани кои би се изградиле на гравитациониот водоснабдителен систем „Летнички Извори“ – Охрид.

На денешната седница ќе бидат разгледани вкупно 15 точки: Предлог-Одлуката за усвојување на Извештајот за извршување на Буџетот на општина Охрид во првиот квартал за буџетската 2008 година, Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште во првиот квартал на 2008. година; Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување и изградба на јавно осветлување во првиот квартал на 2008. година; Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2008. година; Предлог-Одлука за усвојување на Стратегијата за одржлив локален економски развој на општина Охрид.

ohridnews