Нуркачки тим деновиве изврши подводно испитување на теренот и трупот на потонатиот брод кој треба да биде изваден на копно за натамошно вештачење. Според најавите „Илинден“ ќе се вади со воздушни балони кои со каиши ќе бидат прикачени на потонатиот брод. Доколку бидат поволни временските услови, предвидено е извлекувањето да биде изведено уште денеска. Во акцијата ќе биде вклучен и помал брод на МВР, кој треба да го извлече „Илинден“ до каналот Студенчишта, но најверојатно оваа операција нема да биде извршена денеска.
Бродот „Илинден“ потона во водите на Охридското Езеро на 5-ти септември при што животот го загубија петнаесет туристи од Бугарија.