Доста активно е раководството на охридксиот АМАК СП кое има уште неколку дена до истекот на преодниот рок за кошаркари да ја комплетира екипата кој во наредната сезона покрај во домашното ќе настапува и во  ФИБА Евро купот.

Во текот на вчерашнот ден верноста кон клубот ја потврдија браќата Стојаноски, поптишивајќи ги новите договори.

Преговараме со сите играчи  кои го носеа нашиот дрес. Кој од нив ќе остане, останува да видиме. Бековските позиции ги осигуравме со потпишувањето на браќата Дамјан и Војдан Стојаноски како и Влатко Неделков – ни изјави потпреседателот на клубот Кристијан Шапкар. Исто така го задржавме и најдбориот стрелец минатата сезона во првенството Џарид Фрај.


Остануваат во Охрид – браќата Стојаноски

Задоволни сме од минатогодишната соработка и кај нас не постоеше никаква дилема околку продложување на договорот – велат браќата кои вчера одработија еден тренинг во ’Билјанини“ по што ставија потпис на новиот договор.

Охриѓани се во преговори со тандемот Кралевски и Блажевски кои го напуштија Вардар, па лесно може да  се случи Охрид да биде нивна наредна дестинација. Се уште останува отворено и тренерското прашање кое ќе се реши деновиве.

Од клубот најавуваат и формирање на кошаркаска школа за играчи до 20 годиниа која во наредната сезона ќе се натпреварува во новоформираната младинска лига.

М.Постоловски