Со поставување на вториот асфалтен слој на улицата „Јане Сандански“, се комплетира реконструкцијата на една од најважните сообраќајници во Охрид.

Проектот опфати нова водоводна линија во должина од 700 метри и две секундарни линии со вкупна должина од 1200 метри, нова фекална канализација во должина од 400 метри, нова атмосферска канализација, преприклучување на домаќинствата.

Беа изградени нови тротоари и велосипедски патеки, оформување на локации за паркирање, две автобуски постојки и две локации за такси превозници, уредена зелена површина и нов дрворед, како и ново улично осветлување.

Вредноста на целокупната инвестиција за оваа улица изнесува околу 33 милиони денари.

OhridNews