Велшката полиција минатата година примила тринаесет повици од загрижени граѓани кои тврделе дека гледаат духови, а на терен шест пати излегувала поради вештерки, три пати поради пријавени зомби и два пати поради вампири и врколаци. Граѓаните пријавувале во полиција дека виделе духови во градините, спалните соби и во ладилнците.
Еден жител на Велс повикал полиција и соопштил дека видел дух во перниците, друг се жалел дека дух го нападнал физички, додека трет се колнел дека видел дух зад неговите кујнски завеси. Експертот за паранормални појави, Џим Ковен, рекол дека во Велс постојат случаи на покажување духови повеќе од другите британски земји, и објаснил дека посотојат разни теории за тоа, но се чини дека тоа веќе било традиција и луѓето тоа едноставно го прифаќале.