Еден американец од Помфрет, Конектикат, толку се занел слушајќи музика што воопшто не забележал дека куќата му гори, додека не се јавил пожарникарот по вклучување на алармот. Ендрју Рајли му рекол на шефот на пожарникарите, Едвард Бејтс, дека цело попладне слушал музика. Не го забележал пожарот кој избувнал на катот над него. Не почувствувал чад, ниту го чул алармот.
Кога го примил повикот, веднаш истрчал на спратот и ја затворил вратата од собата која горела. Пожарникарите веднаш пристигнале и го изгаснале пожарот. Настрадала само работната соба и вежбалната. Причината за пожарот се лошите инсталации.