Еден пар од Бостон повикал полиција откако се изгубил во овоштарник. Марк и Марсиа Росентал отишле во берба на јаболка во овоштарниците во Масачусец. Се забавувале за време на бербата, а ноќта се приближувала. Започнало да се смрачува, па се уплашиле верувајќи дека нема да можат да го пронајдат патот за назад. Најпрво го повикале центарот на фармата „Honey Pot Orchard“, но никој не се јавувал. Потоа одлучиле да повикаат полиција. Полицајците набрзо пристигнале и ги известиле сопствениците на фармата која веднаш ги ангажирала вработените да го пронајдат парот.
Сопственичката на овоштарникот, Џули Мартин-Саливан, рекла дека во изминативе 85 години, колку што нејзиното семејство го водело бизнисот, никој не се изгубил. Овоштарникот имал 200 хектари. Нејзиниот брат ги пронашол на само половина километар од местото каде што го оставиле автомобилот. Минатиот месец во полињата со пченка во Масачусец се изгубил еден пар со две мали деца. Полицијата ги пронашла на само неколку метри од излезот.