Многумина се изгубиле на аеродромите ширум светот. Но, сигурно ниту еден од нив не бил толку збунет да талка околу аеродромот една недела. Тоа му успеало на 38-годишниот грк, Кристианос Какламанис. Талкал околу аеродромот Хановер во Германија една недела. Персоналот од аеродромот се чуди како е можно некој толку долго да е изгубен.
-Го видов неколкупати. Мислев дека човекот постојано лета некаде. Но, по некое време сфатив дека нешто не е во ред и повикав полиција, вели Сабина Бергер, вработена на аеродромот.