Меѓународната организација Супербрендс, глобален авторитет во областа на брендингот, започнува со избор на најсилните пазарни марки за 2010 година во Македонија. Можност за гласање за најдобрите Супербрендови во Македонија по прв пат е овозможено и за пошироката јавност со пристап на интернет страницата

www.superbrands.mk


Гласањето е можно на два начина: со брзо гласање (предлог на три најсилни пазарни марки), или комплетно гласање со сите предложени брендови. Организацијата Супербрендс присутна е во 82 држави ширум светот, а во 2009 започна со работа и во Македонија.

OhridNews