Синоќа околу 20.00 часот, на локален пат помеѓу селата Злести и Лешани, општина Дебарца, додека трае забраната за движење, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од З.Ј. врз Б.С. од Охрид. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид, според полицијата е стабилна.  Во Охрид, нема регистрирани нови лица со решение за изолација и извршени се 31 контрола на лицата кои веќе се во изолација. Во Охрид, евидентирано е едно ново лице во самоизолација и извршени се 344 контроли врз овие лица (Охрид-56, Струга-153, Кичево-33, Дебар-102), соопшти полицијата.

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 386 лица што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 135, Струга- 251), кои се сместени во три сместувачки објекти (Охрид-2 Струга-1).

Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. – предупредува СВР Охрид.

OhridNews