Од СВР Охрид информираат дека во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Владо Малески“ во Струга, вчера, во 21 часот, дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

59-годишно лице од струшкото село Велешта физички нападнало 37-годишно лице од струшкото село Долна Белица, кое се здобило со телесни повреди кои биле констатирани во Општата болница во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews