На 01.05.2010 година во 19,15 часот во Охрид, во хотел „Десарет“, во соба бр.314, по претходна расправија дошло до тепачка помеѓу лицата С.В.(1990) и В.М.(1989), двајцата од Р.Србија, при што паднале од балконот на трети спрат.

С.В. е пренесен во Св.Еразмо-Охрид, а В.М. во Медицински центар-Охрид, каде им се констатирани тешки телесни повреди, поради што се задржани на понатамошно лекување.

Увид на лице место извршиле ИС, ЗЈО и увидна екипа од СВР-Охрид.

“Извор МВР“
Ohridnews