Биопечатените делови од телото би можеле да бидат клучни во медицинските третмани во иднината, а научниците вложуваат големи напори во нивен развој.

Американската вселенска агенција НАСА, компанијата „Редвајр“ и центарот „4Д-Био-3“ испраќаат нов 3-Д биопечатач до Меѓународната вселенска станица (МВС) каде што ќе вршат биопечатење на менискус на човеково колено во орбитата, а резултатите ќе се проучуваат на земјата. Во најдобар случај, ова треба да доведе до развој на третмани за повреди на менискусот што често ги трпат војниците.

„Редвајр“ се надева дека неговата технологија ќе произведе цели органи во вселената, иако тоа е долгорочна цел. Компанијата ги користи проектите за да ги идентификува и гените за растенијата коишто можат да преживеат во вселената. Дополнително, ќе се тестира и пасивно ладење на електрониката во услови на мала гравитација.

Овој 3-Д печатач наречен „Биофабрикејшн фасилити“ ќе биде испратен на МВС на 6 ноември од вселенското пристаниште на НАСА на островот Валопс. Истата ракета ќе носи и дополнителен товар.

Доколку истражувањето биде успешно, лекарите би можеле да ги заменуваат повредените делови од телото без да се потпираат на дарители и неоргански импланти и протези.

OhridNews