Во завршна фаза е уредувањето на влезот на Музејот на вода кај Градиште. Во тек е партерно уредување, а поставени се и улични светилки.


Првично беше најавено дека комплетните градежни активности во Заливот на коските каде се градат уште 16 неолитски куќарки ќе бидат завршени во октомври, но тој рок е пробиен. Реконструкцијата на Наколната населба во Градиште се проценува на околу 3, 5 милиони евра.

OhridNews