Темпест Хендесон, девојка од Флорида која има 19 години, успеала да се излечи од многу ретко патолошко пореметување наречено ПИЦА, кој човекот го тера да јаде супстанции како песок, метал, бои, а во нејзиниот случај сапун и детергенти. Оваа млада американка можела да јаде и до пет сапуни неделно. Раскажала за првиот пат кога ги ставила своите прсти во прашок за перење алишта. Рекла дека вкусот му бил истовремено и солен и благ, а неа веднаш и се допаднал и не можела да му одолее, иако ги знаела опасностите од своето однесување.
Кога после извесно време сватила дека би можела да се отруе, побарала медицинска помош. Лекарот Бартон Блајндер, специјалист за овој синдром, објаснил дека може да си го загрози животот не само со токсичните и несварливи материи содржани во сапунот, туку и со киселината која сапунот ја испушта и која може да влезе во нејзината крв. Психолозите објасниле дека нејзиното однесување е последица на стрес, а по шестмесечно лечење таа потполно се ослободила од својата зависност.