Утре на Градскиот плоштад во Охрид со почеток во 12:00 часот ќе се одржи настанот „Се гушкаме за ретките“ во организација на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид. Настанот е организиран на иницијатива на Хрватскиот сојуз за ретки болести, поддржан од националните алијанси и здруженија за ретки болести на Балканот.

Целта на настанот е да покажеме колку е важна секоја прегратка – симбол на единство, разбирање и поддршка за лицата кои живеат со ретки болести. На овој начин сакаме да ги охрабриме оние кои се соочуваат со овие предизвици да знаат дека не се сами, вели претседателката на Здружението, Гордана Лолеска.

Настанот, посочува, е поддржан и од Ученичките и Младинските заедници на средните училишта во Охрид, кои активно се вклучуваат во подигнувањето на свеста за ретките болести.

Споделете љубов и поддршка – гушкајте, споделете, помогнете во ширењето на свеста! Една прегратка – илјада пораки за поддршка! Заедно можеме да направиме голема разлика! Споделете ја љубовта, споделете прегратка!, порачува Лолеска.

OhridNews