Секоја зграда си има свои проблеми, но најголеми се тие поврзани со јавната чистота. За жал и денес сеуште сме робови на старите навики. Речиси да нема ден а да не „падне“ нешто од секоја зграда.  Од прозор или тераса се фрла ѓубре или остатоци од храна со која се „насладуваат“ маалските мачки и кучиња.  Се што „паѓа“ од зградите завршува во дворовите во кои секојдневно играат нашите деца. Закон за јавна чистота постои, се готват измени во законот за домување, постојат куќни совети, инспекции, но сето тоа е џабе доколку не се промени совеста на граѓаните, затоа што никој не може да исчисти или казни колку што граѓаните можат да извалкаат.


Се гушиме во смет

фото: Васко Бујароски