Космодромот кој за комерцијални летови во вселената ќе го користи компанијата „Virgins“ на Ричард Бренсон е во последната фаза од изградбата. Ова вселенско пристаниште со име „Space Sport America“ ќе биде во употреба од 2013 година, кога се очекуваат првите комерцијални летови во орбитата. Се наоѓа во Ново Мексико и зазема површина од седум квадратни километри.
Пистата е долга повеќе од три километри, се гради футуристички хангар и централна заграда. По завршувањето со изградбата следува добивање на низа дозволи и проверки на безбедноста на леталата. Луѓето од „Virgins“ веруваат дека работата ќе биде завршена успешно и на време, па веќе прават три комплекси за сместување на вселенските туристи, од кои еден е во самото пристаниште, а два во блиските градови.