Градежна екипа на ЈП „Градски гробишта” отпочна со изградба на дрвен пешачки мост во населбата „Далјан“ кај месноста викана „ Грашница“. Мостот се наоѓа на самото место на сливот на реката Грашница во Охридското Езеро.
Од локалната самоуправа потенцираат дека со изградбата на мостот ќе се овозможи безбедно и непрекинато движење на пешаците на овој дел од брегот на Охридското Езеро.
OhridNews