ЈУ Национален парк „Пелистер“ ги интензивира градежните активности за изградба на авантуристички парк за возрасни и деца, инвестиција која е во рамки на проектот „Авантура без граници“ поддржан од фондовите на ЕУ.
Проектот треба да заврши до крајот на годинава кога во функција ќе бидат ставени повеќе содржини, адреналински парк за деца, локација за искажување на карпи, зип линија, и други атрактивни содржини, информираат од ЈУ НП „Пелистер“-Битола.
Адреналинскиот парк се гради на надморска височина од 1.400 метри, според локацијата е под хотелот „Молика“ на Пелистер, а го градат лиценцирани професионалци кои поставуваат безбедносни сајли, нерѓосувачки материјали и други придружни елементи. За реализација на проектот обезбедени се 203.500 евра, посочија од ЈУНП „Пелистер“-Битола.
Во рамки на адреналинскиот парк ќе се изградат придружни објекти, а ќе се изврши и уредување на велоспетсаката патека од селото Магарево преку Голема Ливада и Цапарска Пресека до Инфо центар, како и уредување на патеката по местото викано Камењар.
OhridNews