Балканскиот рис, кој живее и на Галичица,  е сериозно загрозен и потребни се мерки за заштита на ова диво животно, сметаат експертите од националните паркови во регионот.

Неодамна во Охрид се одржа стручна работилница на која експерти од регионот дискутираа за Стратегија за заштита на балканскиот рис. Во таа насока предвидени се и повеќе проекти кои ќе се финансираат од меѓубнародни фондови.

Проектот за заштита на рисот во кој е вклучен и Националниот парк Галичица е подржан од Европската фондација за природното богатство, како и од  швајцарски и норвешки институции и донатори.


рисот е загрозен вид на овие простори

ohridnews