Туристичката понуда на Охрид во 2010 година ќе биде претставена во каталог кој ќе им биде доставен на странските туроператори.

Од хотелската асоцијација информираат дека во тек се интензивни контакти со странските туроператори на кој им се презентира туристичката понуда за наредната година, а каков  е нивниот интерес за Охрид ќе се знае во јануари.

Сите договорени аранжмани со странските туроператоти во 2009 година до сега се реализирани во целост, велат хотелиерите кои очекуваат таквиот тренд да се задржи и во 2010 година.

Ohridnews