Со одлука на Советот на општината денеска треба да се формира ново Јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти и паркинг простори во Охрид.
Целта е да се растовари од преголемите обврски ЈП „Охридски Комуналец“, кое покрај основната дејност – одржување на хигиената во градот, стопанисува и со спортската сала како и со дел од паркинзите во Охрид.
Покрај оваа, на дневен ред на 42 седница на Советот, ќе се најдат уште 31 точка, меѓу кои и Информацијата за експропријација на земјиште за потребите на ЈП „ Охридски комуналец“за проширување на градските гробишта.
На седницата се очекува да биде усвоена Декларација за формирање на мрежа од балкански градови со историски центри, како и предлог одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на трошоците за уредување на градежно земјиште на општина Охрид.
Инаку најголемиот дел од точките на дневниот ред се однесуваат на извештаите за материјално финсиското работење на основните и средни училишта во градот.
Ohridnews