Во Дојран, во тек е  дводневната работилница за “Развој на национална еколошка мрежа во РМ (  МАК-НЕН ).

Главна цел на овој проект е развивање на Национална еколошка мрежа во Македонија како дел од Пан-Европската еколошка мрежа ( PEEN).  Во проектот ќе биде третиран проблемот со крупните ѕверови ( кафевата мечка, волк и рис). Посебен акцент ке биде даден на кафеавата мечка. Ќе се изготви План за управување со коридорите на мечката, кој што после неговото прифаќање, ќе послужи како средство за подобро разбирање на еколошките функции на мечката, поврзаноста на стаништата и концептот за еколошките мрежи воопшто. На работилницата во Дојран учествуваат и претставници на Националниот парк „Галичица“.


Иницијатори на  проектот се МЕД ( Македонско Еколошко Друштво ), ECNC ( Европски центар за заштита на природата ) со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) на РМ.

Ohridnews