Општините, невладините организации и институциите од локално и регионално ниво, до 19 јули ќе може да аплицираат на Вториот јавен повик зафинансирање на проекти за прекуграничана соработка на  Македонија и Албанија.

Проектите ќе бидат финансирани со средства од ИПА Програмата на Европската Унија. На располагање се вкупно 3 милиони и 525 илјади евра, од кои 2 милиони и 200 илјади се наменети за Македонија, а 1милион и 325 илјади  за Албанија.

Проектните предлози треба да се однесуваат на 3 области:
1. Економски развој, со акцент на унапредувањето на туризмот
2. Одржлив развој на животната средина, или конкретно – заштита, унапредување и управување на природните богатства и екосистемите и
3. Социјална кохезија и културна размена,  што пред се подразбира вклучување и соработка на граѓанскиот сектор, училишта, иститути и сл.

За проекти од  првите две области,  грантовите ќе биде минимум 50.000, а максимум 200.000 евра, а за третата област истите ќе може да се движат од 20.000 до 50.000 евра.

OhridNews