Еден маж од Саудиска Арабија се фалел со вонбрачниот сексуален живот пред телевизиски камери и поради неморално однесување заработил петгодишна затворска казна, како и 1000 удари со камшик. Дека вонбрачните авантури во оваа земја можат да бидат многу болни докажал овој човек, кој дури и пред камерите покажал неколку интимни играчки.
Телевизиската станица која ја емитирала спорната емисија морала да го повлече своето претставништво од Саудиска Арабија. Во оваа исламистичка земја безмилосно се казнува вонбрачниот секс и консумирањето алкохол. Таткото на четири деца се правдал дека на овие тврдења го натерале продуцентите на емисијата, но тоа не му помогнало.