Се е подготвено за третото издание на фолклорниот фестивал  “Разиграно оро“ соопштија организаторите, кои на прес конференција ги изнесоа деталите за овогодинешното издание на  манифестацијата.

На фестивалот што го организира ансамблот “Македонка“ од Охрид годинава учество ќе земат рекордни над 1500 играорци од Русија, Полска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Грција, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Водител на фестивалот ќе биде Сашко Коцев, а свеченото отварање е утре вечер во 20 часот на централниот плоштад во Охрид.

Ohridnews